16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТИЗБОР

САД воведоа санкции врз турски бизнисмен поради неговите зделки со Иран

САД воведоа санкции за истакнатиот турски бизнисмен Ситки Ајан и неговата мрежа на компании, поради обвинувањата дека помагал во продажба на нафта и перење пари во име на иранската Револуционерна гарда, што Ајан ги негираше.

Санкциите го вклучуваат и синот на Ајан, Бахадин Ајан, неговиот близок соработник Касим Озташ и уште двајца турски државјани поврзани со неговите фирми, заедно со 26 компании, вклучително и холдинг-компанијата на Ајан, ASB Group, со седиште во Гибралтар.

Во соопштението на американското Министерство за финансии се наведува дека компаниите на Ајан склучиле меѓународни договори за продажба на иранска нафта, организирале пратки и помагале во перење пари и прикривање на потеклото на иранската нафта во име на Корпусот на иранската револуционерна гарда.

Спонзорирано: