Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сеул: Северна Кореја истрела артилериски проектили во близина на границата

Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала околу 130 гранати во водата во близина на нејзините западни и источни морски граници.

Според соопштението, тоа е најновата воена акција која ги влошила односите меѓу Јужна и Северна Кореја. Началникот на Генералштабот на Јужна Кореја рече дека проектилите паднале на северната страна на тампон зоните создадени со меѓукорејскиот договор од 2018 година за намалување на воените тензии.

Засега нема информации дека граната паднала во територијалните води на Јужна Кореја. Не е јасно ниту кога се случил инцидентот.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека испратила усно предупредување до Северна Кореја и ја повика да се придржува до договорот.

Спонзорирано: