24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТИЗБОР

Кремљ: Европејци, подгответе се за високи цени

Кремљ предупреди дека новото ограничување на цената на руската нафта наметнато од ЕУ ќе ги „дестабилизира глобалните енергетски пазари“, но тврди дека тоа нема да влијае на руската инвазија на Украина.

Портпаролот Дмитриј Песков рече дека Русија се подготвува како да одговори на овој потег.

„Русија и руската економија ги имаат потребните капацитети целосно да ги задоволат потребите и барањата за специјална воена операција“, рече Песков на прашањето дали ограничувањето на цената ќе влијае на воената кампања на Русија во Украина.

Тој додаде дека ограничувањето на цените „целосно ќе ги дестабилизира“ глобалните енергетски пазари и им порача на Европејците да се подготват за повисоки цени.

Глобалната цена на референтната сурова нафта „брент“ порасна за 1,7 отсто, на 87,01 долар за барел, по потегот на Европската Унија.

Спонзорирано: