11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД планираат драстично да ја прошират програмата за обука на украинските војници

Вашингтон размислува за значително проширување на својата програма за обука што американската војска им ја обезбедува на украинските сили, изјавија неколку официјални лица за Си-ен-ен, кој известува дека Американците може да обучуваат околу 2.500 украински војници месечно во американската воена база во Германија.

Таа промена не само што значително ќе го зголеми бројот на Украинци обучени од американската војска туку и разните видови обука. Во моментот Украинците се главно обучени во релативно мали групи за употреба на специфично оружје. Но, доколку програмата драстично се прошири, како што сугерираат најавите, Си-ен-ен наведува дека „значително поголеми групи украински војници би добиле обука за употреба на софистицирани тактики на бојното поле“.

Дополнително, проширувањето на програмата за обука би значело „многу поинтензивна и сеопфатна обука“ од она што Украинците моментно го добиваат во Обединетото Кралство или од Полска. Администрацијата на американскиот претседател во моментот го разгледува предлогот за драстично проширување на програмата за обука.

Спонзорирано: