14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите членки на НАТО во конфликтот, а Белорусија забележува зголемување на провокациите во близина на нејзината граница.

„Сите агенции за спроведување на законот забележуваат зголемување на бројот на провокации во близина на државната граница. Украина, најверојатно, се обидува да искористи каков било изговор за да ги вклучи трупите на земјите членки на НАТО во конфликтот. Сето ова е потврдено со неодамнешниот пад на ракета на територијата на Полска“, рече Лукашенко на состанокот со воени и безбедносни претставници, пренесе новинската агенција „Белта“.

Како што рече, Белорусија е во состојба да го одврати потенцијалниот непријател од употреба на воена сила против земјата.

Спонзорирано: