11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Холандија во следните десет години ќе се градат две нови нуклеарки

Холандската влада планира да изгради две нуклеарни централи во провинцијата Зелант, на југозападот на земјата, чија изградба треба да заврши во следните десет години, изјавија владини извори.

Нуклеарни централи се планирани во селото Борсела, каде веќе има една нуклеарна централа, објави веб-страницата „Dutch News“.

Изворите наведуваат дека Борсел е подготвен за две нови нуклеарни централи, бидејќи таму веќе постои инфраструктура потребна за изградба на такви објекти.

Електраната во Борсел веќе произведува околу три отсто од целата електрична енергија во Холандија. Требаше да биде затворена во 2033 година, но ќе остане во функција додека не се изградат нови електрани.

Официјалното соопштение за изградбата на електраните е планирано за петок. Владата се надева дека нуклеарните централи би можеле да произведат околу 20 отсто од енергијата потребна на Холандија, но и да ја намалат зависноста од фосилни горива.

Спонзорирано: