17.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Патник паднал од брод за крстарење: По 15 часа во вода, им мавтал на спасувачите да го видат

Патник кој исчезна од брод за крстарење во Мексиканскиот залив е спасен по повеќе од 15 часа на море, соопшти американската крајбрежна стража, пренесува Би-би-си.

28-годишниот маж бил во барот на Carnival Valor со својата сестра во средата вечерта, но не се вратил откако отишол во тоалет.

Неколку спасувачки тимови ја пребараа областа и мажот конечно беше забележан во четвртокот вечерта, на околу 20 милји (30 километри) од брегот на Луизијана. Велат дека е стабилно.

Потполковник на американската крајбрежна стража изјави дека патникот бил во вода повеќе од 15 часа, најдолго за што слушнал и тој го смета за чудо. Во изјава за Си-Ен-Ен, тој рече дека никогаш не видел нешто слично во неговата 17-годишна кариера.

– Среќниот исход покажува дека при секоја потрага и секое спасување мора да се земе предвид волјата за живот – додаде тој.

Се уште не е јасно како патникот паднал во водата од бродот за крстарење.

Би-Би-Си потсетува дека во 2018 година, 46-годишна Британка била спасена 10 часа откако паднала од брод за крстарење во Јадранското Море. Тогаш се пишуваше како на спасувач му рекла дека и помогнала да биде во форма, да прави јога и да престане да чувствува студ во водата – пеела.

Спонзорирано: