6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ватикан: Кина го прекрши договорот за именување бискуп

Ватикан денеска ги обвини кинеските власти дека го прекршиле билатералниот договор за именување бискупи со назначување во епархија која не е призната од Светата столица.

Во соопштението се наведува дека Ватикан бил изненаден и тажен кога дознал дека бискуп од друг град бил назначен за помошен бискуп на Џиангкси. Се чини дека тоа е едно од најсериозните прекршувања на договорот меѓу Ватикан и Кина склучен во 2018 година, велат од таму.

Договорот, критикуван од некои католици како отстапка за кинеските власти, беше обновен во септември на две години. Деталите како што пишуваат медиумите се тајни. Џиангкси не е признаен од Ватикан како епархија, се вели во соопштението, во кое се додава дека назначувањето не е во согласност со духот на дијалогот за кој се договорија двете страни во 2018 година.

Се додава дека назначувањето на бискупот по име Џовани Пенг Веижао следело по силниот притисок од локалните власти.

Ватикан очекува објаснување од кинеските власти и се надева дека тоа нема да се повтори, се вели во соопштението.

Спонзорирано: