14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина свика итна седница на Советот за безбедност на ОН

Украина свика итна седница на Советот за безбедност на ОН.

Седницата ќе се одржи вечерва во 22:00 часот по средноевропско време, најави заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

„Украинците, кои се плашеа од нашите напади врз инфраструктурни објекти денеска, побараа итна седница на Советот за безбедност на ОН. Владимир Зеленски повторно беше најавен како говорник од Украина преку видео врска, што е прекршување на прописите на Советот за безбедност“, рече Полјански.

Како што прецизираше, делегацијата на Гана, која претседава со Советот за безбедност на ОН, седницата ја закажала во 16 часот по њујоршко време, односно на полноќ по московско време. Засега не е соопштено дали ќе му се дозволи на Зеленски да се обрати на седницата, рече Пољански.

Сирените за воздушен напад денеска се огласија низ Украина. Експлозии беа регистрирани на важни инфраструктурни објекти, по што многу украински региони останаа без струја.

Спонзорирано: