17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay / илустрација
СВЕТ

Судар на повеќе возила во Нигерија, најмалку 37 лица загинаа

Најмалку 37 лица загинаа откако два автобуса и автомобил се судрија во североисточна Нигерија, соопштија официјални лица.

Несреќата која се случи денеска во градот Јакана е последица на пукање на гума при пребрзо возење. Ротими Аделеје (Аделие), од нигериската служба за безбедност на патиштата, рече дека повеќето од жртвите биле изгорени до непрепознатливост.

Сериозните сообраќајни несреќи не се невообичаени во најнаселената африканска земја поради небезбедно возење, лошо одржувани возила и нејасни сообраќајни правила.

Спонзорирано: