Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarСветТОП ВЕСТИ

Силен земјотрес од речиси 6 степени ја погоди Турција, десетици се повредени додека спиеја

Најмалку 35 лица се повредени кога утрово земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Турција, во близина на градот Дузча, соопштија Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) и турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од два километри.

Медиумите пишуваат дека 35 лица се повредени во Дузча и околните провинции.

Засега нема извештаи за жртви или значителна материјална штета..

За време на земјотресот имало прекин на електричната енергија, но се работи на обновување на снабдувањето со електрична енергија.

Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби го измери земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала и соопшти дека епицентарот бил во Гољака, област во северозападната провинција Дузче.

Турските медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван и во Истанбул и Анкара.