5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Dimitar Apasiev
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Политичарите и експертите алармираат за опасност која доаѓа од радикалната Левица

Деновиве на политичката сцена се отвори прашањето Дали Левица е најголема закана за евроинтеграциите на Македонија, ова особено деновиве го потенцира владејачката СДСМ .

Политичката партија Левица според екс членови позната по своите радикални ставови, за многу прашања во Македонија.

Професорот Бранимир Јовановиќ , кој последниве години работи на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, во интервју за емисијата „Во центар“ ја анализираше политиката на партијата „Левица“. = „Партијата „Левица“, денеска во Македонија е десница, и екстремна десница. Партијата „Левица“ денеска во Македонија е она што е Ле Пен во Франција и она што е „Самоопределување“ во Косово. Тоа е „Левица““, вели Јовановиќ во интервјуто објавено неодамна.

Професорот Здравко Савески кој е поранешен член на раководството на Левица и беше дел од протестите именувани како „Шарена револуција“ во изјава дадена за Радио Слободна Европа вели дека неговиот поранешен сопартиец е познат по своите чести изјави дека треба да се радикализираат протести по национални прашања.

– Савески во изјава за РСЕ во јули годинава вели дека Левица сега, наспроти името, се однесува како десна радикална партија која добива поени на основа на национални прашања во која главни поддржувачи се разочарани членови на ВМРО – ДПМНЕ.

Инаку тврдите ставови на Левица се поклопуваат и со блокадите на нивните двајца пратеници во Собранието. Последната блокада од таков вид се поднесените 1300 амандмани на новиот Закон за аудио-визуелни медиумски услуги.

Особено е важно да потсетиме дека Левица го бојкотираше пописот, а и поднесе барање за референдум против договорот со Бугарија, со кој на Македонија и се овозможи да го отпочне процесот на преговори со ЕУ.

Интересен момент е што Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ пред извесно време имаше став дека не е проблем да се случат уставните измени со цел влегување на Бугарите во Уставот, заедно со многуте националности, но откако Левица јавно излезе дека нема да ги поддржи уставните измени со кои Македонија ќе го продолжи евро-интеграцискиот процес, Христијан Мицкоски се премисли од првичната идеја.

Социјалдемократите веќе неколку денови го обвинува Христијан Мицкоски дека тој и ВМРО-ДПМНЕ станале заложници на Левица,но ВМРО ДПМНЕ не реагира на овие обвинувања, што можеби го потврдува фактот дека Левица одзеде голем процент од тврдото членство на ВМРО ДПМНЕ.