20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британскиот Врховен суд одлучи: Шкотска не може да гласа за независност без согласност на Лондон

Шкотската влада не може да одржи референдум за независност без согласност на британската влада, одлучи британскиот Врховен суд.

Шкотската премиерка Никола Старџен сака да одржи референдум на 19 октомври следната година. Но, британскиот Врховен суд едногласно одлучи дека таа нема овластување да го стори тоа.

Владата на Велика Британија досега одбиваше да даде формална согласност за гласањето.