3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

(Видео) Жестоки протести избија во најголемата фабрика за „ајфони“ во Кина

Во најголемата фабрика за „ајфони“ во светот, во кинескиот град Женгжу, стотици работници протестираат поради политиката за ковид што ја спроведува раководството на фабриката. Видеата што кружат на интернет покажуваат дека работниците се соочуваат со полицајци и безбедносни сили во заштитните одделенија. Очевидци велат дека полицијата ги тепала работниците, пренесе Би-би-си.

На видеата дел од вработените во фабриката извикуваат „Ги браниме нашите права! Ги браниме нашите права!“, додека други фрлаат со камења и гранки по надзорните камери.

Минатиот месец фабриката го затвори својот кампус поради зголемениот број случаи на зараза со коронавирус, при што дел од вработените успеаја да избегаат и да заминат дома. Фабриката потоа вработила нови работници на кои им биле ветени огромни бонуси. Но, се чини работниците не ги добиле ветените бонуси, а се жалат и на храната што им ја дава фабриката додека се изолирани таму.

Работниците тврдат дека раководството ги сменило договорите.

„Ги сменија договорите за да не ни ги дадат ветените бонуси. Нè ставија во карантин, но не ни даваат храна“, рече еден од работниците. „Доколку не одговорат на нашите барања, ние ќе продолжиме да се бориме“, додаде тој. Работникот рекол дека видел „тешко повреден колега кој може да умре“. Тој наводно бил претепан од полицијата.

Друг работник рече дека новите работници стравуваат дека ќе бидат заразени од работниците кои биле таму кога првпат се зголемил бројот на заболени во фабриката. Ние што протестираме ги сакаме нашите бонуси и кога ќе ги добиеме ќе се вратиме дома“, рече тој.

Спонзорирано: