10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Папата: Војната во Украина е слична на геноцидот на Сталин во триесеттите

Папата Франциско изјави дека Украинците се „маченици на агресијата“ и ја спореди оваа војна со „страшниот геноцид“ од 1930-тите, кога поранешниот советски лидер Јосиф Сталин „ги принудуваше луѓето да гладуваат“.

Ова го изјави денеска поглаварот на Римокатоличката црква, на крајот од проповедта што ја одржа пред неколку илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Франциско минатата недела повтори дека Ватикан е подготвен да посредува меѓу двете страни и да направи сè што е можно за да се стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Спонзорирано: