5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

(Видео) Најмалку 38 загинати во пожар во хемиска фабрика во централна Кина

Во пожар во хемиска фабрика во централната кинеска провинција Хенан загинаа 38 лица, а двајца се повредени, соопштија претставници на округот Венфанг.

Пожарот бил пријавен вчера околу 16 часот и 30 минути, а на пожарникарите им биле потребни околу три и пол часа да го стават под контрола.
Сè уште нема информации за причината за пожарот и точниот број на загинати работници во фабриката.

Кина има историја на индустриски несреќи поради недоволно почитување на безбедносните мерки во услови на зголемена конкуренција и корупција меѓу службениците, пренесуваат медиумите во светот.

Како директни причини често се наведуваат лошите услови за складирање, заклучените излези и недостигот на противпожарна опрема.

Во 2015 година, во голема експлозија во складиште за хемикалии во северниот кинески пристанишен град Тијанџин загинаа 173 луѓе, главно пожарникари и полицајци.