3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес на Соломонските Острови

Властите на Соломонските Острови објавија дека нема да биде издадено предупредување за цунами по двата денешни земјотреса.

Најсилниот од нив, на југозападниот брег, бил со јачина од седум степени.

Првиот земјотрес бил на длабочина од 15 километри, околу 16 километри југозападно од областа Маланго, објави Геолошкиот институт на САД, пренесе „Ројтерс“.

Втор, послаб земјотрес со јачина од шест степени се случи 30 минути подоцна. Метеоролошката служба на Соломонските Острови соопшти дека нема опасност од цунами, но предупреди на невообичаени морски струи во крајбрежните области.

„На луѓето им се препорачува да бидат внимателни бидејќи се очекуваат последователни потреси“, објави на социјалните мрежи вработен во метеоролошката служба.

Имаше прекин на струја низ островот, а локалната телевизија објави на Фејсбук дека се прекинати и сите радиокомуникации.

Спонзорирано: