18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARСВЕТТОП ВЕСТИ

Поради снегот откажани летови и друг јавен превоз во Шведска

Поради снегот кој се уште паѓа во поголем дел од земјата, шведскиот хидрометеоролошки институт (SMHI) издаде предупредување.

Поради снежните врнежи откажани се летовите, возовите и другите видови на јавен превоз.

Во голем дел од Стокхолм, SMHI издаде портокалово предупредување поради снежни врнежи во понеделникот, додека жолтите предупредувања важат во делови од округот Упсала, најисточниот Готаланд и Свеаланд, округот Вастра Готаланд, округот Калмар и Скане.

Стокхолм беше силно погоден од снежното невреме, па многу регионални возови беа откажани.

Поради снегот откажани се поголемиот дел од автобуските линии во областа Стокхолм, каде што се очекува до крајот на вечерта во понеделник да наврнат уште 30-40 сантиметри снег, пренесува локалниот весник „Експресен“.

Екипите за отстранување снег напорно работеа во текот на ноќта.

„Се чини дека станува се полошо и полошо. Во моментов има проблеми, пред се во северните и јужните делови на округот“, рече Андреас Стромберг, вршител на должноста менаџер на одделот и раководител на медиумите во управата за транспорт во регионот Стокхолм.

Стокхолм со години има проблем со сообраќајот кога паѓа снег.

Тоа води до километарски редици, а граѓаните се принудени да работат од дома.

Спонзорирано: