3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

САД за убиствата во Украина: Секој ги сноси последиците за злосторствата

Американската претставничка за воени злосторства Бет Ван Шак изјави дека САД се свесни за наводите дека украинските сили убиле заробени руски војници и рече дека сите страни треба да ги сносат последиците доколку извршиле злосторства за време на конфликтот.

„Ние внимателно го следиме ова. Многу е важно да се нагласи дека законите на војната важат подеднакво за сите страни: и за државата агресор и за државата што ја брани, и во иста мера“, изјави Ван Шак.

Во исто време, таа истакна дека „сите страни во конфликтот мора да го почитуваат меѓународното право или да се соочат со последиците“.

Руското Министерство за одбрана во петокот посочи дека на социјалните мрежи биле објавени видеоснимки на кои наводно се гледа како украински војници егзекутираат руски воени заробеници.

На снимката се гледа како руски војници лежат на земја откако очигледно се предале, а потоа се слуша пукање од автоматска пушка и на снимката се гледаат околу 12 тела, пренесува медиумот.

Спонзорирано: