9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Институтот за војна: Дводневните ракетни напади значително ја оштетија европската нуклеарна централа

Дводневниот интензивен ракетен оган врз најголемата нуклеарна централа во Европа остави значителна штета, објави Институтот за војна во својот нов извештај.

Како што пишуваат, ракетниот оган значително ја оштетил нуклеарната централа Запорожје. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во понеделникот објави дека нема директна закана за безбедноста на реакторот и дека складиштата за гориво се недопрени и покрај бројните гранати.

Русија и Украина продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за ракетните истрели во Запорожје.

Украинските разузнавачи објавија дека руските сили планираат да извршат напади врз клучната белоруска инфраструктура под лажни изговори, но всушност да извршат притисок врз белоруската армија да се вклучи во војната во Украина.

Спонзорирано: