20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бајден, фото твитер
СВЕТТОП ВЕСТИ

Специјален викенд за Бајден: Американскиот претседател го прослави својот 80-ти роденден

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден има вистински славенички викенд. Откако вчера се омажи неговата внука Наоми, американскиот претседател денеска го прослави својот 80-ти роденден.

Бајден стана првиот американски претседател кој наполни 80 години. Првата дама на Соединетите Американски Држави, Џил, објави порака на која се гледа како двајцата танцуваат во свечена облека со емотивна порака.

– Не би сакал да танцувам со никој друг. Среќен роденден Џо. Те сакам – рекла Џил.

Бајден го прослави својот роденден во Вашингтон со бранч организиран од неговата сопруга, изјави претходно портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Иако наполни 80 години, Бајден има намера повторно да се кандидира на претседателските избори одржани во Соединетите Американски Држави во 2024 година.