12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски: Во неделата Русите извршија речиси 400 артилериски напади, вкупно истрелаа повеќе од 4.700 проектили кон Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (Зеленски) објави дека Русија во неделата извршила речиси 400 ракетни напади на истокот на земјата. Тој додаде дека од почетокот на војната, на 24 февруари, руските сили истрелале повеќе од 4.700 проектили кон Украина.

Според Зеленски, неодамнешниот руски напад врз енергетската инфраструктура на неговата земја остави 20 милиони Украинци без струја.

– Во регионот на Луганск полека одиме напред додека се бориме. Досега има речиси 400 артилериски напади на истокот од почетокот на денот – објави Зеленски по 270-от ден од почетокот на војната во Украина.

Тој посочи дека Украина сака едно, а тоа е мир.

– Украина навистина сака мир, но мирот е возможен кога сите во светот ќе разберат дека никој во светот не заслужува ниту еден ден на терор – рече Зеленски.

Спонзорирано: