5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турски авиони гранатираа курдски села во Сирија, најмалку 30 загинати и 40 ранети

Најмалку 31 човек загина во турските воздушни напади врз курдските позиции во североисточна Сирија, објави Сириската опсерваторија за човекови права. Најмалку 40 лица се повредени или исчезнати, а некои се во тешка состојба, се додава во извештајот.

Турското Министерство за одбрана претходно потврди дека од полноќ извршува воздушни напади врз базите на курдските милитанти во северна Сирија и северен Ирак. Тие беа насочени кон базите на Курдистанската работничка партија (ПКК) и ЈПГ, милицијата на сириските Курди, додаде Министерството.

Сириската опсерваторија за човекови права објави дека Турција извршила 25 воздушни напади врз областите контролирани од Сириските демократски сили (СДФ), предводени од ЈПГ, во руралните области на Кобен, Алепо и на други места.

Воздушните напади се случија една недела по бомбашкиот напад во Истанбул во кој загинаа шест, а беа ранети повеќе од 80 луѓе. Турција за нападот ги обвини ЈПГ и забранетата ПКК, која ги негира обвинувањата.