20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ердоган до Западот: „Ќе платите неверојатна цена“

Политичката изолација на Русија ќе доведе до сериозни последици за европските земји, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за телевизијата „Росија 1“.

„ Цената ќе биде неверојатна. Европа ќе ја плати највисоката цена, а заедно со неа и Полска“, рече тој.

Турскиот лидер претходно подвлече дека Западот, на чело со САД, ја напаѓа Русија без никакви ограничувања, поради што Москва мора да се спротивстави.

Тој изјави дека нејзините акции во Украина не биле случајни, бидејќи им претходеле акциите на НАТО.

Претходно претседателот на Турција објави дека контактите меѓу шефовите на руската и американската разузнавачка служба во Турција одиграле клучна улога во спречувањето на неконтролирана ситуација на теренот.