5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Медведев: Зеленски ги одбива преговорите затоа што не сака да го признае распадот на Украина

Поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Путин, Дмитри Медведев, на Телеграм објави дека Западот не сака целосно да ги прекине односите со Русија и го принудува Киев да преговара со Москва. Медведев изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не сака преговори за да не мора да го признае фактот за распадот на Украина.

„ Никој, вклучително и Полјаците, не беше изненаден од несмасните обиди на Украина да ја префрли одговорноста за ракетниот инцидент во Полска на Русија. Тоа покажува дека сите се исцрпени од режимот во Киев, а особено од Зеленски, кој постојано ги разгорува тензиите и бара се повеќе и повеќе пари и оружје.

САД, НАТО и ЕУ не сакаат конечно да ги прекинат врските со Русија. Затоа Западот се обидува да го натера Киев да се вразуми и Украина да влезе во преговори со Русија“, напиша Медведев на Телеграм, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

Медведев напиша дека „Зеленски не сака никакви преговори од себични причини“.

„ Преговорите би биле опасни за него. На крајот на краиштата, доколку не ја признае реалноста на распадот на Украина, нема смисла да седне на преговарачка маса. Кога Зеленски ќе го признае распадот на Украина, ќе го соборат неговите националисти поврзани со врвот на војската“, објави Медведев на Телеграм.