5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стано: ЕУ ги покани Вучиќ и Курти на средба во Брисел

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, денеска изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти, се поканети во Брисел на средба на високо ниво со цел да се најде „европско решение“ за моментната состојба.

„Се надеваме дека средбата ќе се одржи многу бргу“, им рече Стано на новинарите истакнувајќи дека причината за свикување на состанокот е „итноста на ситуацијата да се најде европско решение“.

„Ги поканивме во Брисел да разговараат за начин како да се најде излез. Се надеваме дека ќе дојдат многу бргу за да можеме да го решиме прашањето, пред 21 ноември, а не потоа, како што рече високиот претставник ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел“, изјави Стано.