5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макрон им порача на азиските земји: Војната во Украина е и ваш проблем

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика азиските земји да се приклучат на растечкиот консензус против конфликтот во Украина порачувајќи им дека војната е и нивен проблем.

„Франција се обидува да создаде поширок консензус за да каже дека оваа војна е и ваш проблем бидејќи ќе создаде многу дестабилизација“, рече Макрон на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Бангкок.

Макрон додаде дека Франција сака да игра стабилизирачка улога во регионот за да избегне конфронтација, пренесува „Франс 24“.

„Ние не веруваме во хегемонија, не веруваме во конфронтација, ние веруваме во стабилност“, порача Макрон.