13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кремљ: Не се зборува за средба меѓу Путин и Бајден

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден немаат актуелни планови за средба, соопшти Кремљ по изјавата на рускиот заменик-министер за надворешни работи дека Москва не ја исклучува можноста за средби на високо ниво меѓу двете земји.

„Во моментот не се зборува за самит“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, рече: „како што се приближува средбата меѓу двете земји во Каиро за ширењето на нуклеарното оружје, Русија не исклучува состаноци на високо ниво со САД за стратешка стабилност“.

Сепак, Рјабков навести дека нема што да се разговара со САД за Украина. Двете страни имаат радикално спротивни позиции, рече тој.

Спонзорирано: