20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шведска испраќа 287 милиони долари воена помош за Украина

Шведскиот парламент денеска одобри испраќање воена опрема во Украина во вредност од 287 милиони долари.

Пакетот помош вклучува системи за противвоздушна одбрана, муниција, оклопни возила, лична опрема, вклучувајќи зимски комплети облека и заштита на телото, опрема за нишанење, шатори и маскирни мрежи, објави украинска „Правда“.

Како што претходно рече шведскиот премиер Улф Кристерсон, овој пакет воена помош за Украина е најголемиот од почетокот на целосната војна на Руската Федерација против Украина – поголем од сите претходни пакети заедно.

„Очигледно, Украина добро се брани од руската офанзива, далеку над очекувањата, а делумно објаснување за тоа е фактот што добиваат силна поддршка од други земји“, рече шведскиот премиер.