27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Орбан попушти под притисокот, ЕК деблокира средства за Унгарија

Германската армија по повод војната во Украина планира голема реорганизација на својата армија, објави германскиот неделник „Шпигел“.

Генералот Еберхард Корн уште во септември нареди подготовка на армијата за претстојниот конфликт со Русија и дека одбраната на земјата и НАТО мора да биде во центарот на тие планови во иднина.

„Нападите врз Германија би можеле да следуваат потенцијално без предупредување и со големо влијание на штета“, се наведува во документот со наслов „Оперативни упатства за армијата“.

Тој додаде дека нема сомнеж оти способноста за одбрана на националниот и територијалниот сојуз ќе биде клучна за опстанокот и ќе стане уште поважна од порано.

Армијата мора, како што наведува Корн, да биде подготвена за наметната војна.

Странските мисии треба да бидат помалку важни во иднина бидејќи сега, како што се вели, многу поважно е вистинското одвраќање.

Во документот генералот наведува голема реформа на армијата – далеку од странските мисии и кон националната и кон сојузничката одбрана.

„Тридеценискиот фокус на странските мисии, како во Авганистан, повеќе не одговара на сегашната ситуација со нејзините изненадувања опасни за системот“, пишува Корн.

Наместо тоа, наведува тој, „одбраната на сојузот, вклучително и способноста да се обезбеди видливо и веродостојно одвраќање, ќе доминира во германската воена акција“.

Бидејќи директен конфликт на источното крило на НАТО стана „повторно поверојатен“, Германија мора да игра пионерска улога во Европа и да ги направи своите вооружени сили посилни.

Германскиот генерал затоа смета дека треба да се зајакне источното крило на НАТО: Естонија, Летонија, Литванија и Полска.