12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Руските власти никогаш не зборувале за употреба на нуклеарно оружје

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека руските власти никогаш не зборувале за можна употреба на нуклеарно оружје, туку дека тоа прашање е нагласено на Запад.

„Сметаме дека таквите прашања се неприфатливи сами по себе, а камоли такви шпекулации“, рече Песков одговарајќи на прашањето дали Русија ја гледа употребата на нуклеарно оружје како можна опција, пренесе ТАСС.

Песков истакна дека „никој никогаш не шпекулирал за ова прашање во име на Русија“.

„Има шпекулации во европските метрополи и други места, што ги зголемува тензиите во потенцијално опасна област, каде што тоа е неприфатливо“, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ не кажа ништо за содржината на разговорот меѓу директорот на надворешната разузнавачка служба на Руската Федерација (СВР), Сергеј Наришкин, и директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс.

„Не зборувам за содржината на разговорот“, рече Песков одговарајќи на прашањето дали Барнс во текот на разговорот ѝ пренел некакви конкретни пораки на руската страна, пренесе „РИА новости“.

Според него, Москва не сака да ги прекине односите со Вашингтон, но доколку Вашингтон одлучи дека не им требаат односи со Москва, тоа ќе се случи.

Како што истакна, разговорите меѓу Наришкин и Бернс во Анкара биле иницирани од американска страна.

Спонзорирано: