Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Коциќ: ВМРО-ДПМНЕ не е реформирано и е порадикално во антидржавните ставови

„Колегите од албанската опозиција станаа свесни дека ВМРО-ДПМНЕ не е реформирано и променето од време на режимот, а дури станаа и порадикални во нивните антидржавни ставови“ изјави пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека по освојувањето на локалната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе општини низ државата, локалните самоуправи го доживуваат најголемото дно.

Дискутирајќи со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за легитимитетот на премиерот Димитар Ковачевски, пратеникот Коциќ изјави дека премиерот го бираат пратениците, а Ковачевски доби поддршка од 64 пратеници во Собранието.

„Со кој легитимитет би бил Мицкоски премиер кога не учествуваше на избори? Пред една година најавувате дека ќе формирате влада, се сликавте со пратеници, но таа приказна не ви успеа“ рече Коциќ во дебатата со Лефков.