17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото: Whitehouse.gov/Flickr
СВЕТ

Бајден се огласи за пензионирањето на Пелоси: Америка и должи благодарност за нејзината услуга, патриотизам и достоинство

Откако Ненси Пелоси објави дека се повлекува од функцијата во Претставничкиот дом на САД, американскиот претседател Џо Бајден се огласи на Твитер.

– Кога мислам на Ненси Пелоси, мислам на достоинството. Историјата ќе ја забележи како најзначајната претседателка на Претставничкиот дом во историјата – таа е прва, последна и секогаш за народот. Америка и должи благодарност за нејзината услуга, патриотизам и достоинство – напиша тој на Твитер.

Пелоси ќе продолжи да ја претставува Калифорнија во Долниот дом на Конгресот, пишува Би-Би-Си.