13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Директорот на CNN: Нема да бидеме јавен сервис на Трамп

Новиот директор на американската медиумска компанија Си-Ен-Ен, Крис Лихт изјави дека мрежата нема да ја покрива кампањата на поранешниот претседател Доналд Трамп во онаа мера што ја правеше кога тој се кандидираше за претседател во 2016 година.

„Нема да дозволиме сè што прави да биде во вестите, нели? Има и други работи кои се важни“, рече Лихт во подкастот на Кара Свишер. Лихт истакна дека под претходното раководство на Си-Ен-Ен, на чело со Џеф Цукер Си-Ен-Ен пушти се и сешто за Трамп, „така имавте ситуација кога се зборуваше за него осум часа“.

„Ние нема да го направиме тоа. Ќе бидеме многу јасни и ќе оценуваме од случај до случај како ќе биде известувањето за Трамп. Дури и да ни го подигне рејтингот, ние нема да го сториме тоа“, додаде Лихт, објави весникот „Хил“. .

Спонзорирано: