8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Техеран: Полицијата пукаше во луѓе и тепаше жени со палки

Иранските безбедносни сили застрелаа луѓе на метро станица во Техеран и тепаа жени кои не носеа хиџаб.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како патниците трчаат кон излезите откако полицајци пукале во нив и со палки тепаат жени кои не носеле хиџаб во вагоните, пишува The Guardian.

Протестите во Иран започнаа кога Махса Амини, 22-годишна Иранка, почина во затвор откако беше одведена таму од полицијата за морал поради кршење на иранскиот строг кодекс за облекување за жените.

Сè се интензивираше кога организаторите на протестот повикаа на тридневна акција за одбележување на „крвавиот ноември“ од 2019 година, кога стотици беа убиени за време на протестите против поскапувањата на горивото.