8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Нападната Русија: Уништени борбени хеликоптери

Кон крајот на октомври, силна експлозија ја потресе руската база во близина на границата со Латвија, при што беа уништени два нивни нападни хеликоптери.

Министерството за одбрана на Украина ја објави веста во Телеграм, без директно да преземе одговорност.

Според информативната платформа База, а информацијата ја потврди и Министерството за одбрана на Украина, со активирање на експлозив се уништени два хеликоптери Камов Ка-52 Хокум-Б и еден Ми28Н. Оштетени се уште два хеликоптери. Наводно, на еден хеликоптер бил прикачен 400 грама експлозив ТНТ, кој од непозната причина не се активирал.

Ако се е точно, тогаш ова е прв напад на украинските сили длабоко во руска територија, пишува порталот „Вар историј“. Претходните случаи на саботажа најмногу се случуваа во пограничните региони, најчесто во Белгород и на Крим.

Снимката е направена во текот на денот и прикажува човек во маскирна облека и црни ракавици како склопува експлозивна направа од детонаторите МД-5М и ВЗД-6Ч. Станува збор за направи кои работат со доцнење и до шест часа, а експлозивот бил активиран во текот на ноќта.

Руските медиуми јавија за експлозиите многу брзо откако се случија, но руското Министерство за одбрана се уште не го коментираше случајот. Објавени се бројни извештаи кои откриваат дека безбедноста на аеродромот Керетје со години речиси и да не постои, а неименуван функционер за RSE изјавил дека е прилично лесно да се влезе во воената база.

„Можете да пешачите до авионската патека и да одите во секое блиско село“.

Уништените хеликоптери Ка-52 Алигатор се најнапредните воени возила со кои располага Русија.

Според британското Министерство за одбрана, Русија имала 90 такви хеликоптери на почетокот на инвазијата, но тој број оттогаш е намален. Тие наводно изгубиле најмалку 23 од нив.

Значајно е и тоа што ова е база во која некогаш биле стационирани руски стратешки нуклеарни бомбардери, а непознат број суперсонични бомбардери Туполев Ту-22М веројатно се уште денес таму. Во рамките на базата има многу веројатно складиште за нуклеарни бомби, иако е невозможно да се знае дали моментално има бомби таму и, ако има, колку.