5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Џорџ Буш: Володимир Зеленски е „цврст човек“ кој може да победи во војна против Русија

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш, го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски „тврд човек“ кој може да победи во војната против Русија.

Сепак, Буш истакна дека Зеленски може да го стори тоа само додека САД и „слободниот свет“ не стигнат до точка каде што веруваат дека повеќе не вреди да се поддржува Украина.

Буш рече дека верува оти историјата ќе му суди на Зеленски „како извонреден лидер“ и додаде дека е важно Соединетите Американски Држави да продолжат да ја поддржуваат борбата на Украина против Русија.

– Неуспехот во Украина ќе влијае на идните генерации Американци. Нестабилна Европа, Европа во која тиранин е на марш, ќе влијае на нашата национална безбедност – рече Буш.