17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Нема потреба да се брза со изјави по „ракетниот инцидент“

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека реакцијата на голем број земји на „ракетниот инцидент“ покажува дека нема потреба да се брза со изјави кои би можеле да ја влошат ситуацијата по експлозијата во Полска во близина на украинската граница во која загинаа две лица.

„Уште еднаш, ваквата непромислена реакција покажува дека никогаш не треба да се брза со процени и изјави, без да се добијат точни информации, што може да ја влоши ситуацијата. Особено во вакви важни моменти“, рече Песков.

Полските власти објавија дека две лица загинале во експлозија во областа Хрубешов во источна Полска во близина на украинската граница, но без да потврдат дека се работи за руски проектил.