Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

„Голдман Сакс“: Европа ќе го дочека крајот на зимата со поголема понуда на гас отколку што очекувавме

Поради потоплиот почеток на зимата, Европа ќе ја дочека пролетта со поголема понуда на гас од претходно очекуваното. Ова ќе биде олеснување за Европа, која се бори со невидена енергетска криза, се вели во извештајот на „Голдман Сакс“.

Се претпоставува дека европските резерви на гас ќе бидат исполнети до речиси 30 отсто од нивниот капацитет на крајот на март. Претходно, се претпоставуваше дека овој процент ќе биде помал, од 21 на 23 отсто, соопшти вчера „Голдман Сакс“. Ова ќе ѝ овозможи на Европа полесно да ги надополнува резервите за следната зима во текот на летото, додаваат во извештајот.

„Летово ќе треба да се надополнат резервите“, стои во анализата. „Ќе биде предизвик повторно да се пополнат со капацитет од најмалку 90 отсто поради што намалувањето на побарувачката ќе биде уште поитно“.

„Голдман Сакс“ претходно процени дека цената на гасот за мегават-час следното лето ќе биде 180 евра. Според новите процени, таа сума е за 55 евра помалку. Исклучително топлото време во северозападна Европа, кое трае од крајот на октомври, ги намали цените на горивото побргу од очекуваното, се забележува во извештајот.

Европа се бори со недостиг на гориво откако Русија го прекина протокот на гас преку гасоводите поради европската поддршка за Украина. Па, иако Европа успеа да обезбеди снабдување со гас за оваа година, следната година ќе биде многу потешко без рускиот гас. Особено ако Кина влезе во равенката.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Зеленски: Не му дозволуваме на непријателот да ги исполни своите намери, Русија бележи големи загуби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (Зеленски) зборуваше во ново видео обраќање во кое изјави дека ситуацијата на фронтот е многу тешка. – И покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите се обидуваат… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе