3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп не се појави да сведочи пред комисијата на Конгресот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не се појави на сведочењето пред конгресната комисија, која го истражува нападот на неговите приврзаници на Капитол, што се случи на 6 јануари минатата година, соопшти денеска американскиот Конгрес.

Така, Трамп не одговори на поканата издадена од комисијата во октомври, објавија во заедничка изјава претседателот на комисијата, Бени Томпсон, демократ, и копретседателката Лиз Чејни, републиканец.

„Точно е дека Доналд Трамп, како и неколку негови најблиски сојузници, се крие од истрагата на избраниот комитет и одбива да го направи она што го направија повеќе од 1.000 други сведоци“, објавија Томпсон и Чејни.

Комисијата не соопшти какви следни чекори би можела да преземе против Трамп. Томпсон во интервју за „Њујорк тајмс“ изјави дека не ја исклучува можноста да бара непочитување на тужбата на Конгресот против поранешниот претседател, наведува британската агенција.

Трамп во петокот ја тужеше комисијата на Претставничкиот дом што ги истражуваше смртоносните немири во Капитол на 6 јануари 2021 година во обид да ја блокира поканата на комисијата со која се бара од него да сведочи.

Се очекува републиканците да ја распуштат комисијата доколку ја освојат контролата над Претставничкиот дом на САД на среднорочните избори.

Спонзорирано: