8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Премиерот на Камбоџа беше позитивен на коронавирус, се ракуваше со Бајден и светските лидери

Камбоџанскиот премиер Хун Сен е позитивен на коронавирусот, поради што ќе го прекине присуството на самитот на Г-20 во Бали, Индонезија, а исто така ќе ги откаже состаноците на АПЕК во Бангкок подоцна оваа недела поради позитивен наод.

Хун Сен неодамна беше домаќин на самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија во главниот град на Камбоџа, каде што се сретна и се ракуваше со лидерите од целиот свет. Меѓу нив беше и претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден.

Белата куќа им соопшти на новинарите утринава дека Бајден е негативен на коронавирусот и дека не се смета за близок контакт со премиерот на Камбоџа, Хун Сен.

Хун Сен во својата објава на Фејсбук рече дека секојдневно се тестира.