11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Оперирана Србинката на која телефонот ѝ експлодира во раката во Истанбул

Србинката што беше ранета во експлозијата во Истанбул е подложена на хируршка интервенција во болница и е во стабилна состојба, изјави српскиот конзул во Истанбул, Ивана Пејовиќ, пренесува ТВ „Прва“.

Пејовиќ објасни дека повредената српска државјанка од Ниш имала туѓо тело во рамото, дека интервенцијата била успешна, но дека таа ќе остане во болница. Колку среќа имала повредената доволно говори фактот што мобилниот телефон ѝ експлодирал во раката.

Таа додаде дека ќе оди во болницата за да се увери дека повредената Драгана Ристиќ од Ниш е добро и да види што уште може да направи конзулатот.

Министерството за надворешни работи на Србија во неделата вечерта соопшти дека во експлозија во Истанбул е повредена српска туристка.

Најмалку шест лица загинаа, а 81 се повредени во експлозија во центарот на Истанбул.

Експлозијата се случи во неделата во 16.20 часот по локално време на улицата Истиклал, која е пешачка зона со многу ресторани, кафулиња, продавници, хотели и неколку музеи и е многу популарна и кај локалното население и кај туристите.

Спонзорирано: