17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руската армија ќе се повлече од градот Нова Каховка

Руската армија најави дека ќе се повлече од градот Нова Каховка, каде што се наоѓа клучната брана на реката Днепар, откако ќе го напушти Херсон на крајот на оваа недела.

Првиот човек на проруската влада Павел Филипчук изјави дека градската администрација и жителите ќе се повлечат на безбедна локација.

„Жителите на 15-километарската област околу градот треба да се подготват за заминување. Владата е загрижена за браната, која може да биде оштетена од проектили, што би предизвикало поплави“, рече Филипчук.

Филипчук тврди дека украинските сили ја означиле градската администрација како наводна, „прва цел на терористички напад“.

„Жителите треба да се подготват за заминување во јужниот руски регион Краснодар, каде што ќе бидат сместени во загреани станови, ќе добиваат редовен оброк и финансиска помош од 100.000 рубли“, додаде Филипчук.