Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ковачевски не смета дека најавениот нов закон за здруженија треба да биде испратен во Венецијанската комисија

На владина седница ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани и кога ќе се види за време на дискусијата за кои делови треба да се направи разгледување тогаш може да се донесе одлука, изјави премиерот Димитар Ковачевски, на новинарско прашање за иницијативата од министерот за надворешни работи Бујар Османи законските измени да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

Ковачевски рече дека за него не е спорно нашите закони да бидат проверени од европските институции, како и дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани, но не смета дека тој закон и сите други што се повзрани со односите со Бугарија треба да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

Премиерот верува дека треба да се изработи нов закон за здруженија од страна на Министерството за правда во којшто ќе учествуваат сите политички партии и експерти и каде што како основа ќе се земе германското зкаонодавство. Впрочем, како што изјави Ковачевки, Министерството за правда е задолжено и за односите со Венецијанската комисија.

„Во моментов тој закон е на сила во државата и со оглед на тоа што нашите пратеници едногласно го донеле тој закон ќе се применува. Тоа го кажав и во присуство на бугарскиот премиер на почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија, дека македонските институции носат закони за Северна Македонија, а бугарските за Бугарија“, рече Ковачевски.

Премиерот оцени дека најголемата поддршка за бугарските клубови во државава пристигнала од претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој рече дека е континуитет на Ванчо Михајлов.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Ковачевски до Мицкоски: Не е храборст да се криеш зад Апасиев и да бараш предвремени избори затоа што си уплашен

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се совршена комбинација за хаос и деструкција, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Ковачевски истакна дека… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе