10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

СРБИН И СРБИНКА ЗАГИНАА ВО СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ЧИКАГО: Удриле со автомобил во куќа (ВИДЕО)

Полицијата во Парк Риџ ги идентификуваше двете лица кои загинаа откако нивниот автомобил со голема брзина удри во дом во вторник наутро.

Жртвите во несреќата се идентификувани како Милоје Марковиќ (85) и Милена Марковиќ (75), јавува CBSnews.

Полицијата соопшти дека тие се маж и жена и живеат во Нилс. Парот возел Хонда од 2007 година кон југ на авенијата Камберленд околу 11 часот по локално време кога со голема брзина поминале низ раскрсницата и удриле во куќа, соопшти полицијата.

Младиќ (17), кој живее во соседството на куќата во која налетале, раскажал дека во тој момент им подготвувал појадок за него и неговата сестра кога прво слушнал, а потоа со периферниот вид забележал дека нешто се случило.

– Слушнав и видов како лета автомобилот, а потоа со аголот на окото видов дека удри во куќата. Тоа е веројатно најгласното нешто што сум го слушнал – изјави младиот човек за CBSnews и додаде:

– Излегов надвор и видов дека веќе се собрани десет луѓе. Немаше ни крик, ни ништо. Никој не знаеше што да каже, сè беше толку неочекувано.

Сликите од местото на настанот покажуваат дека сопружниците кои се по потекло од нашите краишта буквално летале низ куќата со својот автомобил.

За среќа, куќата била празна во моментот на несреќата.

Спонзорирано: