16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТИЗБОР

Рускиот пропагандист се закани: „Здраво, збогум Лондон. Ќе ве погодиме за девет минути“ (видео)

Водителот на руската јавна телевизија Владимир Соловјов истакна дека руските хиперсонични ракети се способни да го погодат Лондон за само 9 минути по лансирањето.

Руската страна тврди дека стратешката предност на ракетите Кинжал, долги околу осум метри, лежи во тоа што летаат многу брзо и високо, но остануваат маневрирачки. Тие ја уништуваат својата цел со конвенционална боева глава тешка до 480 килограми или нуклеарна боева глава.

Овие недвосмислени руски закани за Велика Британија доаѓаат веднаш по објавувањето на резултатите од официјалната истрага на Кремљ за саботажа на гасоводи во Балтичкото Море. Русија ги обвини Британците за саботирање на гасоводот Северен тек, но и за учество во украинскиот напад врз руската флота во Црното Море.

„Денес сите се хистерични бидејќи ракетите од Белорусија можат да стигнат до Лондон за 9 минути“, рече Соловјов.

Патем, Соловјов е етикетиран на Запад како клучен пропагандист на режимот на Путин. Тој често изразува силна поддршка за политиките на Кремљ и им се заканува на западните земји и Украина во своите преноси.

„Проектилот Кинжал има домет од над 2.000 километри и може да достигне брзина 12 пати поголема од брзината на звукот, 9 минути и здраво Лондон или подобро здраво и збогум Лондон“, додаде Соловиев.

Тој призна дека Русија се соочува со одредени проблеми.

Тој порача дека секој според своите капацитети и знаење мора да придонесе за решавање на проблемот, бидејќи само така Русија ќе биде подготвена за победа.

Војниците треба да се борат, дипломатите да преговараат, политиколози да разговараат и да предлагаат решенија“, заклучи тој.

Спонзорирано: