28.8 C
Скопје
24. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Битиќи: Година и пол работевме на Планот за раст, си преземеме обврска да ги направиме сите реформски процеси коишто ќе значат подобрување на квалитет на животот во државата

„Јас бев изненаден од лагодноста со којашто нашиот политички опонент си замислува дека и покрај тоа што се против Европска Унија очекуваат дека ќе им се даде една милијарда. Во суштина бев на неколку состаноци на Стопанските комори и таму слушнав дека они оделе и викале „не се секирајте ние една милијарда кога ќе дојдеме на власт, ја зимаме и ја даваме на стопанството, и готова е работата“. Веројатно луѓето треба уште еднаш да се разочараат за конечно да сфатат како таа една милијарда може да се добие. Реалноста е дека е направена голема работа. Година и пол се работеше на Планот за раст. Јас еднаш бев учесник на неформалната со Оливер Вархеји во Тирана во којшто буквално сите земји на Западен Балкан велеа дека овие средства не се возможни, 6 милијарди евра, но тоа стана реалност“, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи на Економски подкаст „Планот за раст, реформите предуслов за ЕУ фондовите и социјалните политики“.
Тој додаде дека инсистирањето на македонската страна било дека мора да има одредени работи коишто ќе значат подобрување на квалитетот на животот на луѓето внатре во државата.
„Ние ќе си преземеме обврска дека ќе правиме реформски процеси коишто ќе значат подобрени услуги, зголемена конкурентност на приватниот сектор, подобрена инфраструктура, подобрени енергетски можности и тн. Се радувам дека конечниот исход од тоа е дека се е поврзано со реформската агенда“, потенцираше Битиќи.
Тој додаде реформската агенда опфаќа европски стандард пред влез во ЕУ.
„Станува збор за повеќе од 80 мерки и ова нека биде тригер после поткастот да им го обзнаниме целиот план на граѓаните за да го видат што се опфаќаме и јас ќе се обидам да дадам согледувања на работи коишто деновиве ги слушам и велат дека се болни точки. На пример, едниот сегмент се реформите во јавната администрација. Во реформската агенда зацртавме дека до 2028 година ќе хармонизираме 65 закони со кои се основани државните институции а таму би предвиделе нивна рационализација што конечно ќе резултира со оптимизација на работните места и секако реформи во администрацијата. Оптимизацијата значи дека ќе го искористиш човекот на најдобар можен начин дали некоја друга институција или во приватен сектор со некоја обука затоа што очигледно имаме неефикасна администрација“, заклучи Битиќи.