Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Нашите државнички одлуки се темелат на Делчев, АСНОМ, НОБ и Глигоров и сите го издржаа тестот на времето

„СДСМ да не се откаже од својата идеологија, своите политики и она што го застапува своите идеали, принципи и вредности. Од АСНОМ и Гоце Делчев и ние како партија на наследниците и на АСНОМ и на НОБ и на Гоце Делчев што и денес го покажуваме па до политичките наследници на Киро Глигоров и сите државотворни одлуки кои сме ги донеле во изминативе 30 години, сите до една го имаат издржано тестот на времето,“ истакна секретатот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 1, Бојан Маричиќ во изјава за медиумите.
Тој додаде дека ниту една одлука досега не била ниту поништена ниту изменета туку била со тек на време прифатена и вградена во државноста на Македонија.
„Така ќе биде и овој пат. Сигурен сум дека ќе продолжиме и со нашите прогресивни политики и со поддршка на демократскиот развој, на слободите и правата на граѓаните и на европските интеграции и дека од тоа нема да се откажеме,“порача Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК