17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Проруски лидер: Украинците собираат сили во близина на Херсон

Еден од проруските лидери на окупираниот украински регион Херсон, Кирил Стремусов, утринава на својот канал на „Телеграм“ објави дека ситуацијата не е променета по должина на целата линија на фронтот.

„Не гледаме никаква масовна офанзива. Во овој момент нема промени и тешки моменти за нашиот регион“, најави Стремусов.

Прорускиот лидер, кој беше назначен од Москва, тврди дека украинските сили собрале повеќе од 1.000 војници во предградијата на Херсон, но и покрај бројната супериорност на вооружените сили на Украина, руските војници се специјалисти во својата област.

Овие тврдења не се независно потврдени.

Спонзорирано: