13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Велешанец затекнат додека превезувал 21 мигрант од Сирија

Велешанец бил приведен од страна на полицијата која го затекнала додека превезувал 21 мигрант од Сирија.

„Денес на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, на место викано Острово пред Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, Полициската станица Неготино и од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Е.Н.(41) од Велес затоа што во товарно возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 21 мигранти од Сирија“, соопшти МВР.

Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се обидел да избега.

Набргу бил запрен и приведен. Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: